Марулче - Грим
|
(име на оригиналот: Rapunzel)
Cи биле еднаш еден маж и една жена кои силно си посакувале да имаат деца, но за жал долго време немале. Но дошло време кога жената увидела дека Бог и` ја услишал молитвата и дека ќе им ја исполни желбата. Тие во задниот дел од нивната куќа имале мал прозорец од каде можело да се гледа право во една прекрасна градина богата со најубавите цвеќиња и билки; градината била оградена со дебел ѕид така што никој не се ни осмелувал да влезе внатре затоа што таа и припаѓала на една маѓепсничка која поседувала силна моќ и од која се плашеле сите кои живееле на земјата.
Еден ден жената си седела на прозорецот и гледала долу во градината. Видела мала леа во која никнале најубавите марулки. Марулките биле од оние малите, но така свежи и зелени така што во неа се побудила голема желба и потреба да јаде од нив. Секој ден потребата станувала се поголема, а бидејќи знаела дека нема да може да добие од марулките, одеднаш ќе го авиела телото, побледувала и изгледала бедно и тажно. Тогаш маж и` многу се исплашил и ја прашал:„Што е тоа што ти недостасува, мила моја жено?“-„Ах,“ одговорила, „ако не каснам од малите марулки од градината која се наоѓа зад нашата куќа, ќе умрам“. Мажот кој многу ја сакал, си помислил:„Дури да дозволиш да ти умре жената, донеси од марулките, па нека кошта колку сака.“ Кога се смрачувало мажот слегол преку ѕидот во градината на маѓепсничката, набрал набрзина меколку марулки и и` ги однел на жена си. Таа уште веднаш си направила салата и јадела со голема страст од нив. Но марулките и се допаднале толку многу што следниот пат уште трипати повеќе сакала да јаде од нив. За да ја смири, мажот морал уште еднаш да појде во градината. Така, во квечереината тој повторно се упатил кон градината, но уште пред да се симне по ѕидот, силно се исплашил затоа што пред себе ја видел маѓепсничката. „Како ли си се осмелил“ рекла гледајќи го со гневен поглед, „да се качиш во мојата градина и да крадеш од моите марулчиња како некаков крадец?Лошо ќе те снајде за ова.“ –„Ах,“ одговорил тој, “имај милост, бидејќи бев приморан го сторив тоа: мојата жена ги здогледа Вашите марулчиња од прозорецот и така силно посака да јаде од нив, така што ќе умре ако не касне од нив.“ Тогаш попушти гневот на маѓепсничката и таа му рече на мажот:„ Ако е така како што велиш, тогаш ќе ти дадам да однесеш дома од марулчињата колку што сакап, но сепак има еден услов за тоа: ќе мора да ми го дадеш детето што ќе го роди жена ти. Ќе му биде добро, а јас ќе се грижам за него како да сум му мајка.“ Во сравот мажот ветил се`, а кога дошло време жената да го дои детето, се појавила маѓепсничката, му го дала на детето името Марулче и го зела одвела со себе.
Марулче било најубавото девојче кое постоело во тоа време. Кога наполнила 12 години, маѓепсничката ја затворила во една кула која се наоѓала во една шума и во која немало ниту врати ниту скали, туку само едно мало прозорче во највсиокиот дел од кулата. Кога маѓепсничката ќе сакала да се качи во кулата, ќе застанела и ќе повикала:
Марулче, Марулче,
Спушти ми ги косите да се качам горе.
Марулче имала прекрасна долга коса, како предено злато. Кога ќе го слушнела гласот на маѓепсничката, Марулче ја расплетувала својата коса, ја намотувала околу рамките на прозорчето и потоа косата се спуштала надолу во должина од околу дванаесет лакти. Потоа маѓепсничката се искачувала по косата горе во кулата.
По неколку години се случило синот на кралот да јава низ шумата и да мине покрај кулата. Тогаш чул некакво пеење. Пеењето било така милно, што тој застанал и наслушнувал. Тоа била Марулче, која си пеела за да и` мине времето затаоа што и немало што да прави таму горе сама, па така оставала да одекнува нејзиниот милозвучен глас. Царскиот син сакал да се искачи кај неа. Побарал врата, но не можел да најде. Си одјавал дома, но пеењето толку многу му се допаднало, што секој ден излегувал во шумата и слушал. Кога еден ден си стоел така зад некое дрво, видел како доаѓа маѓепсничката и слушнал кога викнала:
Марулче, Марулче,
спушти ги косите да се качам горе.
Во тој момент Марулче ја расплела косата, а маѓепсничката се искачила по неа горе.“ Ако тоа се склаите по кои човек може да се искачи горе, тогаш и јас некој ден ќе си ја пробам среќата.“ И веќе следниот ден, кога почнало да се стемнува, отишол до кулата и викнал:
Марулче, Марулче,
спушти ги косите да се искачам горе.
Уште во истиот момент косата била спуштена, а царскиот син се искачил по неа горе.
Кога Марулче видела како кон неа се искачува маж каков што нејзините очи дотогаш немале видено, се исплашила многу, но царскиот син пријателски разговарал со неа и и` раскажал како неговото срце било навистина воодушевено од нејзиното пеење и тоа толку многу што не му давало мир и дека морал самиот лично да ја види. Тогаш Марулче престанала да се плаши, а кога ја прашал дали сака да му биде жена, а таа видела дека е млад и убав, си помислила во себе:“Јас ќе му се допаднам повеќе од старата Готела“, и рекла дека сака да се омажи за него и му ја подала раката. Тогаш рекла:„Многу сакам да појдам со тебе, но не знам како ќе слезам. Кога во иднина ќе доаѓаш, секојпат носи со себе по едно клопче свила. Јас од неа ќе сплетам скали, и кога скалите ќе бидат готоови, јас ќе слезам по нив и ќе ме качиш на твојот коњ и ќе заминеме заедно.“ Така тие се договориле тој секоја вечер да доаѓа кај неа затоа што преку ден доаѓала старата жена. Маѓепсничката не забележувала ништо се` додека еден ден Марулче сама не започнала разговор и и` рекла:„Кажете ми госпоѓо Готела, а како тоа Вие да сте така тешка кога Ве повлекувам на горе, додека, пак, младиот царски син за миг е ваму горе.“ “Ах, ти непослушно дете, “ рекла маѓепсничката, „што е тоа што го слушам од тебе, мислев дека успешно те чувам од сиот останат свет, а ти успеа да ме измамиш!“ Во сиот гнев и лутина маѓепсничката ја зграбила прекрасната коса на Марулче, ја намотала неколкупати околу левата рака, а со десната ги зграбила ножиците, и чкрап чкрап – и` ја исекла косата. Убавите плетенки лежеле на подот. Притоа станала толку немилосрдна што ја одвела Марулче во некое пусто место каде морала да живее во голема тага и беда.
Меѓутоа истиот ден кога ја избркала Марулче, маѓепсничката убаво ги прицврстила отсечените плетенки на рамките од прозорчето, а кога царскиот син дошол и извикал:
Марулче, Марулче,
спушти ги косите да се качам горе,
ги спуштила. Царскиот син се искачил горе, но таму не ја нашол саканата Марулче, туку маѓепсничката која злобно гледала право во него. „Аха,“ извикала со потсмев, „ти сакаш да ја земеш твојата љубена, ама пилето не е повеќе во своето седело, дојде мачката и го зеде, а тебе, пак, ќе ти ги откорне очите. Марулче повеќе ја нема за тебе, нема никогаш повеќе да ја видиш.“ Царскиот син се растажил многу и во сиот очај скокнал од виоката кула: успеал да си го спаси животот, но трњето во кои паднал, му ги прободиле очите. Оттогаш така слеп талкал низ шумата, не јадел ништо друго освен корења и капини и не правел ништо друго освен што плачел и кукал заради загубата на неговата најсакана. Така минале неколку години во талкање и лутање во беда, кога еден ден стигнал до пустото место каде Марулче живеела бедно заедно со нејзините деца, близнаци: момче и девојче.. Тој чул некаков глас и гласот му бил некако познат; потоа се упатил кон местото од каде што доаѓал гласот и во моментот кога се прибилижил Марулче го препознала.Ги обвила рацете околу неговиот врат и почнала да плаче. А две од нејзините солзи паднале врз очите на царскиот син и тие веднаш се очистиле по што тој можел одново да гледа како порано. Ја однел во неговото царство каде биле примени со голема радост и така уште долго, долго живееле заедно во радост, задоволство и среќа.
***КРАЈ***
Преводи на други јазици може да најдете на овој линк:
http://www.grimmstories.com/de/grimm_maerchen/der_gevatter_tod