Бајки -Грим
Grimms Märchen / Grimm's Fairytales

Бедни безаконици - Грим

Наслов на оригиналот: Das Lumpengesindel 

Петлето му рекло на коковчето:

 - Сега, кога е време на оревите, ајде заедно да отидеме на планината да се најадеме до ситост пред верверицата да собере се`.
 - Да - одговорило коковчето, - ајде, ние двајца ќе можеме и добро да се забавуваме.

 По ова, заминале заедно на планината, и бидејќи денот бил ведар и светол, останале таму до вечерта. Сега не знам точно, дали толку многу се прејале или само премногу се распалавиле, на кратко: не сакала да си одат пеш дома, а петлето морало да направи кола од оревови лушпи. Кога колата била готова, коковчето си седнало внатре и му рекло на петлето:

 - Е, сега, може да си се впрегнш.

 - Е браво, - рекло петлето – повеќе би сакал да си одам дома пеш, отколку јас да ја влечам колата. Не, договорот не беше таков. Кочијаш да бидам и да ја управувам колата  - може, но сам да влечам, е тоа нема.

 Додека се карале, доквакала кон нив една пајка:

 - Ах  разбојници низаедни, кој ви дозволи да доаѓате во планината каде растат моите ореви? Чекајте, па ќе си го добиете своето!- и со отворен клун се затрчала налутено кон петлето.

 Но и петлето не било многу - многу мрзливо, па го вложило сиот свој труд за да  ја собори и најпосле така силно ја боднало со своите шпори што пајката почнала да моли за милост и со задоволство прифатила за казна да биде впрегната во колата. И, така, петлето си седнало на предното место од колата како кочијаш и патувањето продолжило во навистина брзо темпо одржувано со мајсторско бодинање:

 - Пајко, побрзај, ајде колку што можеш.

 Кога минале дел од патот, по пат сретнале двајца пешаци: топувче и игла. Тие викале:

 - Застанете! Застанете!

 Потоа рекле дека скоро ќе се стемнело и дека немало ни прст да се гледа пред око, дека не можеле да направат ни чекор понатаму, потоа дека навистина многу било валкано на улицата, па дали ќе можеле да седнат малку, па дека биле крај портите на шнајдерскиот конак и дека малку се подзабавиле заради пивото. Петлето, бидејќи патниците биле слаби и не зафаќале многу место, им дозволило да се качат, но сепак морале да ветат дека нема да ги стапнат на нога, ниту него, ниту коковчето. Доцна вечерта стигнале до една гостилница, и бидејќи не сакале да го продолжат патувањето таа ноќ, а и бидејќи пајката повеќе не ја држеле сосема нозете и почнала да се навалува де на едната, де на другата страна, одлучиле да влезат во гостилницата. Газдата на почетокот многу приговарал: дека куќата била полна, а  си помисли и дека тоа не се ни некои господа, но најпосле, бидејќи кажале и слатки зборови велејќи дека ќе смеел да го добие јајцето кое коковчето го снесило по пат, како и дека ќе смеел да ја задржи и пајката која секој ден несе по едно, најпосле им дозволил да преноќат кај него. И така, вечерта во гостилницата им било сервирано се` свежо и ноќта ја поминале удобно без и најмалку да се притеснат или загрижат за било што.

 Следното утро, мошне рано, уште додека се разденувало и кога се` спиело, коковчето го разбудило петлето, го зело јајцето, го дупнало, па си го поделиле; лушпите, пак, ги фрлиле во печката. Потоа се упатиле кон иглата која се уште спиела, ја зграбиле за главата и ја закачиле во перницата од фотелјата на гостилничарот, самото топувче, пак, во неговата крпа и најпосле побегнале и, –никому - ништо - полетале преку полјаната. Пајката која обожувала да спие под отворено небо и која ноќта останала во дворот, ги слушнала павтањата кои петлето и коковчето ги испуштале додека бегале по полјната, па се охрабрила, нашла еден поток, влегла во него и запливала; овдека и` одело многу побрзо отколку кога била впрегната.. По неколку часа, гостилничарот прв станал од креветот, се измил и сакал да се избрише со крпата и во тој миг топувчето така го изгребало по лицето што му нанело црвена линија од едното уво до другото. Потоа влегол во кујната и сакал да си запали едно луле. Но штом се приближил до печката, лушпите од јајцето му скокнале право в очи. „Денеска се` сака да ме гаѓа по глава“, рекол, и изнервиран седнал на удобната фотеља, но во истиот миг повторно станал и извикал:„ оф!“ затоа што сега иглата го беше боцнала и тоа уште полошо, но не во главата. Сега целосно се разлутил и почна да се сомнева во гостите кои беа дошле доцна претходната вечер. И како што одел и ги барал наоколу - тие веќе биле заминати. Потоа се заколнал дека никогаш повеќе нема да прима бедни безаконици во куќата кои јадат многу, не плаќаат ништо, а згора на се`, се заблагодаруваат со тоа што прават пакосни шеги.    

Преводи на други јазици: 
http://www.grimmstories.com/de/grimm_maerchen/das_lumpengesindel


Diese Webseite wurde kostenlos mit Homepage-Baukasten.de erstellt. Willst du auch eine eigene Webseite?
Gratis anmelden